ПОЧИНА ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА БЛАГОЈ ИСТАТОВ

Струмичкиот и македонскиот фудбал загубија големо фудбалско име. Фудбалската легенда, струмичанецот Благој Истатов чии почетоци беа во Беласица денеска почина на 71-годишна возраст.

Истатов роден 1947 година. Во својата голманска кариера освен за струмичка Беласица, настапувал и за Победа од Прилеп, белградски Партизан, и холандски Утрехт. Во последните два клуба ги имаше своите најблескави моменти а беше дел и од репрезентацијата на поранешна СФРЈ

Откако ја заврши голманската кариера своевремено беше тренер на Беласица и други фудбалски тимови. Беше дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација. Последните години беше активен во фудбалскиот живот како член на УО на ФФМ, кога го формираше и спортскито комплекс ,, Истатов,, во Дојран кој е подготвителен центар за голем број фудбалски екипи.

Напишете коментар