По втор пат Фестивал на детски песни ЈО-ЈО во Струмица

Во Четврток вечер со почеток во 20.00 часот, во просториите на Домот на Културата, Антон Панов во Струмица по втор пат ќе се оддржи фестивалот на детски песни Јо Јо .Оваа година ќе настапат 16 млади музички таленти на возраст од 5-11 години.Според Мери Јанчева еден од организаторите,Струмица има потреба од еден ваков детски фестивал бидејќи градот е богат со млади таленти,минатата година на аудицијата се пријавиле околу 1500 учесници самото тоа кажува дека е неопходно да постои еден ваков фестивал.Сакајќи фестивалот да биде достапен до секое дете,влезот ќе биде бесплатен и на самото место ќе може да се купи цд со музиката од фестивалот.

Напишете коментар