По осми пат струмичките матуранти ќе бидат дел од традиционалната Матурска парада

Во петок на 20 мај, точно на пладне, на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се одржи традиционалната Матурска парада, во која ќе учествуваат околу 450 матуранти од трите средни општински училишта во Струмица. Оваа манифестација е единствена од таков вид и од година во година зема се пошироки размери од меѓународен карактер. Матурантите од Струмица веќе осум години успешно учествуваат во оваа голема манифестација.
Целта на оваа Матурска парада е на поинаков начин да се одбележи последниот ден од средношколскиот живот, а истовремено да им се даде можност на матурантите да се дружат со своите врсници по пат на сателитско радио кое точно на пладне ќе ја емитува Штраусовата композиција „Фледермус“ за одигрување на најголемиот синхронизиран танц на светот наречен Квадрил.
Секој учесник на Матурската парада ќе добие бесплатна маичка со логото на парадата, а девојчињата ќе добијат и чадор.

Напишете коментар