ШТРАЈК ВО СУДОВИТЕ ДО ИСПОЛНУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Одлуката за штрајк вчера беше соопштена на прес-конференција на која Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација појаснија дека ја донеле одлуката бидејќи Министерството за финансии нема постапено по препораката на Владата за обезбедување финансиски средства за зголемување на надоместоците и додатоците на вработените во судовите.
Вработените во Основниот Суд од Струмица се приклучија кон штрајкот, тие пред зградата на ова институција го искажаа своето незадоволство.
Судските административци истакнаа дека ќе штрајкуваат се додека не им се покачат платите како што беше предивдено.

Напишете коментар