По деветти пат во недела Празијада во с.Градашорци

Во недела, 06.11.2016 година, во организација на општина Василево, ќе се одржи деветата по ред манифестација Ден на празот.
Местото на одржување на манифестацијата е дворот на црквата Св. Никола во с. Градошорци, а почетокот е во 11,00 часот.
Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов. Со свои точки ќе настапат неколку културнио уметнички друштва од регионот, а присутните ќе ги забавува групата Модус со Благица Калева.

Напишете коментар