MAKE us hAPPy: Грантови за изработка на мобилна или веб апликација

За првпат во својата програма Младински совет посветува внимание на напредните технологии со специјален грант во две категории: средношколци и студенти. Од месец ноември започнува пријавувањето на конкурсот за првиот грант наменет за млади кои сакаат своето знаење и креативност да ги преточат во иновативна и интерактивна апликација наменета за паметни телефони или веб-апликација.

Целта на MAKE US HAPPY конкурсот е поддршка на најдобрите идеи и изработки од областа на напредните технологии. Како општествено одговорна организација Младински совет на овој начин сака да ги стимулира младите да креираат функционални, иновативни и одржливи решенија со кои новите технологии ќе бидат во функција на локално ниво на подрачјето на Струмица. Воедно овој проект има крајна цел да ја прошири базата на корисни апликаци на македонскиот пазар за корисниците на паметни телефони од сите генерации. Токму затоа употребливоста на апликацијата на локално ниво ќе биде еден од клучните критериуми за освојување на наградата.

ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ (во важност до 15 ноември)
https://www.surveymonkey.com/r/HKKQ9FZ

Главни критериуми за проектот:
1. Да содржи оригинална идеја која може да биде применлива или едукативна на локално ниво.
2. Да биде сопственост на пријавените ученици
3. Изработена мобилна или веб апликација (страна)
4. Нема ограничување каква платформа да се користи
5. Секој тим мора да избере соодветна категорија (средношколци или студенти)
6. Тимот треба да се состои од најмногу тројца членови.
7. Ќе се оценува креативност, функционалност, прилагодлив дизајн, комплексност, интеракција со социјални мрежи, примена, иновативност и search engine optimization.

Откако ќе биде завршен проектот до комисијата да се достави:
– комплетен код
– пополнет формулар (доставен од комисијата)
– демо (Screencast) за апликацијата (макс. 5 мин)
– ПП презентација на проектот
mail: [email protected]

Проектите ќе ги изработуваат тимови од максимум тројца членови кои треба да го пријават својот тим и првична идеја до 15 ноември. Времето за изработка на проектите трае 90 дена од распишувањето на конкурсот (до 30 јануари). За наградите ќе одлучи стручна жири – комисија, која ќе ги вреднува апликациите врз основа на наведените критериуми. За најдобрите проекти во двете категории следуваат награди во висина од 18.000 денари.

Напишете коментар