Паркинг-Казна за Градска Скулптура

Скулптурата – “свиткан автомобил” на австрискиот уметник Ервин Вурм заработи казна за паркинг во германскиот град Карлсруе. Во казната не е дефинирано дали предниот или задниот дел од возилото е надвор од паркинг зоната. 🙂

Ервин Вурм е Австриски уметник роден 1954. Од крајот на 1980-тите години, има започнато серија на “една минута скулптури”, во кое тој самиот или неговите модели позират во неочекувани односи со секојдневни предмети, кои прават да гледачот се сомнева во самата дефиниција на скулптурата. Тој се обидува да го користи “најкраткиот пат” во создавање на скулптура со јасна и брза, понекогаш и хумористична, форма на изразување. Но бидејки скулптурите се минливи и предвидени да бидат спонтани и привремени, зачувани се само како фотографии или филм.

 

Инаку Ервин Вурм е познат и по изработката на скулптурите кои Ред Хот Чили Пеперс ги носат на главите во спотот Can’t Stop.

 

Напишете коментар