Општинската администрација денеска ја реализира 26-та крводарителска акција

пштина Струмица во соработка со Општинскиот одбор на Црвениот крст и Заводот за трансфузиона медицина, денеска, ја реализира 26-та по ред крводарителска акција. Како и во минатите акции, така и во денешната, со масовниот одзив, општинската администрација ја потврди својата хуманост и солидарност во спасување на човечки животи.
Оваа крводарителска акција е традиционална и организирана по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија и 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица.

Напишете коментар