о.Василево-Стартуваше воспитната 2017/2018 во детската градинка

спешна работа во воспитната 2017/2018 година на детската градинка „Прва радост“ од Василево и клонот „Малото славејче“ во Моноспитово им посакаа градоначалниците на општините Василево, г-дин Ванчо Стојанов и на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев, кои денес заедно со директорката г-ѓа Даниела Трајковска беа во посета на градинките. На дечињата им посакаа многу здравје, другарување и пријатен престој.

Дечињата, оние од големата група, со песнички ги дочекаа гостите. Се разбира имаше и по некоја солза од оние помалите кои за прв пат се во градинка и сеуште ги немаат почувствувано убавините на престојот и другарувањето таму.

Според информација од директорката, градинката, уште на самиот старт на оваа воспитна година започнува со речиси целосно пополнет капацитет. Во градинката во Василево згрижени се 61 дете а во клонот во Моноспитово – 40 дечиња.

Напишете коментар