ООУ„Атанас Нивичански“ го одбележа патрониот празник

Со полагање свежо цвеќе пред бистата на патронот и културноуметничка програма подготвена од учениците, денес ООУ „Атанас Нивичански“ од Нова Маала го одбележа својот патрон празник.

За ликот и делото на патронот, војводата Атанас Нивичански, зборуваше директорката на училиштето, г-ѓа Соња Ничева. Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој покрај честитките за денешниот ден, од име на локалната самоуправа вети континуирана поддршка на сите училишни проекти со цел подобрување на условите во кои се одвива наставно-образовниот процес.

По културно-уметничката програма најдобрите ученици од училиштето добија пофалници и благодарници за постигнатите резултати во текот на оваа учебна година.

Напишете коментар