Одржана 31 Седница на Советот на о.Босилово

Денеска се оддржа 31 седница на советот на општина Босилово на која имаше девет точки за расправа.

1. Измена и дополнување на Буџетот на о.Босилово за 2015 год. Ребаланс.

2.Предлог-Одлука за превземање на водоводот во с.Дрвош на управување и користење од страна на о.Босилово преку ЈПКД Огражден-Босилово.

3.Информација на Комисијата за Предлог-Елаборат за поделба и реорганизација на општинските основни училишта Гоце Делчев Босилово и О.О.У.Борис Трајковски-Моноспитово.

4.Предлог-Одлука за поделба и реонизација на основните училишта ООУ Гоце Делчев-Босилово и ООУ.Борис Трајковски -Моноспитово во општина Босилово.

5.Разгледување на барањето на ФК,Хоризонт Турново-Турново за финансиска подршка за подготовките на сезоната 2015-2016 на ПМФЛ.

6.Барање на КУД Кирил и Методиј -Иловица за финансиска помош.

7.Барање на ФК.Напредок од Радово за финансиска помош.

8.Разгледување на барањето за оставка на членот на советот на општина Босилово,Марија Вргова од Моноспитово.

9.Советнички прашања.

Напишете коментар