Се Уредува Дворот на Градинката во Василево

Денес во градинката во општина Василево почна уредувањето на дворното место. По поставување на бекатон плочки на 1000 метри квадратни, а во наредниот период ќе се набават и реквизити и детски играчки.

,,Во функција на подобрување на условите на самата детска градинка и за таа да биде што попривлечна за најмладата популација, односно за децата, еве се одлучивме малку и да ја уредиме.  Односно да биде што пошарена и што попривлечна за нашите деца. Одлучивме надворешно да ја украсиме градинката, ќе се изврши и набавка на реквизити и играчки за децата, како и средства кои ќе служат за нивното образование. Во тек на јавна набавка е и изработката на патеката која ќе овозможи пристап до градинката. Се работи за јавна набавка за поставување на бекатон, односно пристапен пат со паркиралиште. Вкупната инвестиција ќе изнесува некаде околу 1 милион денари, а бекатонот е околу 1.000 квадрати којшто ќе биде поставен за што поголема пристапност и безбедност за децата. ” – изјави градоначалникот Стојанов.

Нашата градинка отпочна со работа во текот на оваа година, и еве прво лето откако работиме. И сè во интерес односно, на барање на самите родители чии деца престојуваат овде нашата детска градинка работи и во летниот период континуирано. И сите оние родители кои се заинтересирани да ги донесуваат децата овде, можат тоа да го сторат и во текот на летниот период. А тоа ќе го правиме континуирано и понатаму. И сите оние родители кои се заинтересирани и од почетокот на оваа учебна година, односно од септември да ги запишат односно да ги згрижат своите деца во оваа детска градинка можат тоа да го сторат во просториите на детската градинка. Таа ќе продолжи континуирано да работи сè со цел овозможување на добри услови за престој на децата во нашата детска градинка. – изјави градоначалникот Стојанов

Напишете коментар