Одбележан патрониот празник во училиштето во Просениково

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Герас Цунев“ од населеното место Просениково, денеска, го одбележаа патрониот празник. На одбележувањето присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. По положувањето свежо цвеќе пред спомен бистата на Герас Цунев, беше изведена богата свечена програма.
Раководството на основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково, постојано работи на подобрување на условите за учениците и вработените. Последниот реализиран градежен зафат е изградбата на нов санитарен јазол, кој што од денеска е во функција, а со финансиска поддршка на општина Струмица.

Напишете коментар