Од вечерва Струмица е во знакот на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Вечерва во 19 часот во центарот за култура „Антон Панов“ свечено ќе биде отворено дванаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. На фестивалот кој годинава се одржува под мотото „Мали приказни – голем ум“ и ќе трае до 31 мај ќе бидат прикажани 21 кратки играни, документарни и анимирани филмови во главната компетиција, 12 во ревијалната програма, како и 4 долгометражни филмови.
За годинашното издание на овој реномиран интернационален филмски фестивал пристигнаа филмови со импресивен квалитет во сите категории, а особено во категоријата на краткометражен игран филм. Во поглед на застапеноста на националните кинематографии, во официјалната селекција на ова издание, влегоа филмови претежно од европската продукција, македонската, но и филмови од САД, Канада, Чиле, Иран. Во годишнава селекција се и двата добитника на „Оскар“ и еден номиниран за наградата. Како и секоја година, така и оваа, „Астерфест“ финансиски е поддржан од општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев.

Напишете коментар