Одбележан патрониот празник во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, денеска, го одбележаа патрониот празник. Пред спомен бистата на Јосип Броз Тито беше положено свежо цвеќе, за значењето на празникот зборуваше директорот на училиштето, Благица Устапетрова, а учениците изведоа богата програма.
На одбележувањето на празникот присуствуваа претставници на одделението за образование во општина Струмица, Македонскиот центар за граѓанско образование, детската фондација „Песталоци“, родители и пријатели на училиштето.

Напишете коментар