Од Понеделник Почнува Заловувањето на Кучињата Скитници

Општина Струмица ги известува граѓаните дека од понеделник (13.07.2015г.) ќе започне со стручен третман, односно, заловување на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња, а согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Извршител на работите ќе биде фирмата ДТУ Ветеринарна клиника „Анри Вет“ од селото Стојаково, со која согласно тендерската постапка е склучен договор и направени план и динамика за спроведување на оваа активност.

За таа цел, ги информираме граѓаните, посебно сопствениците, чии кучиња не се обележани, односно, не се соодветно згрижени, истите да си ги згрижат, или соодветно да ги обележат, во спротивно, ниту Општината ниту извршителот на активноста нема да одговараат доколку се случи заловување на ваквите кучиња и сите трошоци кои ќе бидат направени за заловувањето на кучињата ќе си ги сносат сопствениците. Заловувањето на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња ќе се врши во континуитет.
Исто така, ги повикуваме граѓаните активно да учествуваат во оваа активност преку пријавување на кучињата скитници на општинската служба „Систем 48“ и да вршат пријавување на бесплатната телефонска линија 0800-148-48.

Напишете коментар