Советот на Општина Струмица ја Одржа 29 Седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 29-та седница на која беа усвоени повеќе предлог одлуки, решенија и извештаи. По усвоените предлог одлуки од областа на урбанизмот, советниците ги усвоија извештајот за работата на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ за првите три месеци од оваа година, програмата за изменување и дополнување на програмата за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ за 2015 година, одлуката за утврдување на висината на цените за поставување и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица, одлуката за утврдување на висината на цената за паркирање во деновите на одржувањето на манифестацијата „Струмица опен фест“.
На денешната седница беше донесена и одлуката за оттуѓување на патничко возило на градинката „Детска радост“, а беше усвоено и предлог решението за разрешување и именување претставници на општина Струмица во училишниот одбор на основното училиште „Маршал Тито“ во населеното место Муртино.

Напишете коментар