о.Василево- Се одржа Меѓународниот турнир во стрелање глинени мети

Вчера, по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во организација на ЛД „Фазан“ од Василево и под покровителство на општина Василево, на стрелиштето кај брана Турија, општина Василево, се одржа Меѓународниот турнир во стрелање глинени мети.

Според информации од организаторот на турнирот учествувале седумдесетина ловџии од 27 ловни друштва од регинот и државата, како и ловџии од ловни друштва од соседството.

Упатувајќи честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија, присутните ги поздрави и турнирот го прогласи за отворен градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов.

Најдобрите поединци и ловни друштва беа наградени со медаљи и пехари, а специјален медал и благодарница за долгогодишната поддршка доби и градоначалникот на општина Василево.

Турнирот заврши со заеднички ловџиски ручек.

Напишете коментар