Вечерва промоција на книгата “Опеана Струмица”

Создавањето на оваа книга се наметна како насушна потреба! Да пополни една празнина, да го зачува и покаже нашето фолклорно богатство.
“Опеана Струмица” е плод на четириесет и петгодишна напорна работа. Поголемиот број песни се запишани и снимени на магнетофон од авторот, а дел се преземени од поголем број зборници и збирки печатени во Македонија и во странство. Песните преземени од зборници, пред се` од Република Бугарија, во Зборникот се предадени според правилата на современиот македонски правопис.
Основен критериум при одбирот на песните беше да се спомнува Струмица или друго населено место во Струмичко. Исто така, предвид се земени песните во кои се спомнуваат топоними поврзани со Струмица и Струмичко. За секоја песна е назначен изворот со сите податоци, доколку ги има.
“Опеана Струмица” е трета книга од овој вид во Македонија. Досега вакви книги објавиле Филип Каваев и Марко Китевски.

Медијатор: Ѓорги Калајџиев

Промотори:
Ана Витанова-Рингачева
Сузана Мицева

Промоцијата ќе започне во 20,00 часот во Мала сала при НУЦК “Антон Панов”

Напишете коментар