о.Ново Село- Авионско прскање против комарци

Се известуваат граѓаните на општина Ново Село дека на ден 30.07.2017 година (Недела) во раните утринските часови во периодот од 04:30 – 09:30 часот, преку специјализирана авио-компанија ќе се изврши авионско прскање против комарци.
Доколку временските услови не дозволуваат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 31.07.2017 година во истиот временски период.
Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) да преземат соодветни мерки за заштита односно затварање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3-4 часа по прскањето заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Напишете коментар