Драган Јованов : Фитомедицината и правилниот начин на исхрана во борба против бубрежните заболувања

Симптоми
– Честа жед и потреба за мокрење
– Испуштање на многу мали количества моч
– Отекување особено на рацете и стапалата
– Оток околу очите
– Непријатна миризба во устата и здивот слично на моч
– Постојана слабост и задишаност
– Губење на апетитот
– Постепено зголемувањена крвниот притисок
– Бледило на кожата
– Исклучително сува кожа која постојано чеша
– Кај децата зголемена слабост, намален апетит и повремено забавено растење
Ако имате некој од споменатите симптоми, иако секој од нив може да упатува на некое друго нарушување истовремено представува знак на предупредување за постоењето на опасно заболување на бубрезите. Треба да се посоветувате со лекар да ви ја одреди точната дијагноза.
Бубрезите се два органа со големина на тупаница, се наоѓаат на двете страни на рбетот точно над половината и имаат важна улога во одржувањето во живот. Тие ја пречистуваат крвта, одстранувајќи ги отпадните материи и излачувајќи го вишокот течност, одржувајќи нормална рамнотежа на различни хемиски материи во организмот и помагајќи во регулирањето на крвниот притисок. Кога бубрезите ке заболат или ке дојде до оштетување, можат одеднаш или постепено да ја загубат способноста за зивршување на овие витални функции. Отпадните материи и вишокот течности тогаш се собираат во телото, предизивкувајќи различни симптоми, особено отекување на рацете и нозете задишаност и честа потреба за мокрење. Ако не се лекуваат заболените бубрези може да престанат да функционираат. Престанувањето на функцијата на бубрезите е многу сериозна и можна смртоносна болест.
Причинители
Заболувањата на бубрезите може да биде акутно или хронично. Хроничниот облик може да биде многу подмолен, симптомите не мора да се покажат се додека не се развие значително, често неизлечиво оштетување. Причинителите на хронично заболување на бубрезите често е тешко да се одредат. Повеќето се резултат на други тегоби или болести, како што се дијабетесот, високиот крвен притисок или артериосклерозата, односно сите оние болести што го забавуваат дотокот на крвта во бубрезите. Лупусот и други болести на имунолошкиот систем кои влијаат врз крвните садови можат исто така да ја потикнат болеста на бубрезите, предизвикуваќи воспаление на бубрезите. Некој хронични бубрежни заболувања, најчесто полицистичната болестна бубрезите се наследни. Другите се вродени последица на одредено затнување на уринарните патишта, или мани со кои човекот е роден, а кои го предодредуваат за бубрежно воспаление и болести. Хроничните заболувања на бубрезите можат да бидат последица на долготрајна изложеност на отровни хемикалии или лекови, вклучувајќи одредени нелегални дроги, како што е хероинот. Истражувачите исто така се сомневаат дека големо количество на витамин Д и белковини, особено во исхраната на старите и болни луѓе, може да ги оштети бубрезите. Сепак кај многуте хронични случаи точните причини остануваат непознати.
Акутното заболување на бубрезите може да се појави по неколку дена, придружувајќи кои било здраствени проблеми кои одеднаш и драматично го намалуваат дотокот на крвта низ бубрезите. Примери се срцев удар, трауматска повреда, како кај собраќајните несреќи, сериозно воспаление или токсична реакција на лек или дрога. Вдишувањето или голтањето на одредени отровни материи како што се метилалкохолот, алкохол,јаглеродтетлахлорид или антифриз, отровни печурки исто така, може да предизвикаат исто така ненадеен прекин во функционирањето на бубрезите.
Дијагностички постапки
За да сепостави дијагнозата, лекарот мора да ве подложи на анализи на крвта и урината и ако тоа можат да го поднесат вашите бубрези, на посебен ренген, познат како интравенозна пиелографија. Ако дијагнозата остане нејасна, лекарот може да направи биопсија со игла, употребувајќи особено помагало во облик на игла кое ќе земе мал примерок од бубрежното ткиво поради микроскопско испитување.
Лекување
Заболувањето на бубрезите е опасно заболување кое бара медицинско лекување. Фитомедицината или фитотерапијата како начин на лекување можат да користат како дополнително лекување и заштита на организмот од овие заболувања. Некои лекари тврдат дека одредени рестриктивни диети можат да бидат полезни, особено ако состојбата се утврди навреме. Ако методите на лекување не помогнат и заболувањето на бубрезите се влоши до степен да неможат бубрезите воопшто да функционираат постојат само 2 начини на лекување – дијализа, при која вештачки помагала ја чистат крвта од отпадните материи и пресадување бубрег.
Лековити растенија за заштита на бубрезите
Лековитите растенија кои се употребуваат за заштита на бубрезите се:
– Јаглика
– Босилек
– Винова лоза
– Вишна
– Глуварче
– Жалфија
– Пченка

Исхрана
Посебната диета која ја ограничува исхранта може да го намали оптоварувањето на заболените бубрези да ја одржи рамнотежата на телесните течности и хемиските материи, и да ги одстрани насобраните материи во телото. Иако таквите диети треба да бидат посебно обликовани со оглед на индивидуалните потреби на секој болен, сите тие, ги содржат следните општи забрани
– Белковини не повеќе од 1 грам на килограм телесна тежина на ден
– Калиум не повеќе од 2 грама на ден
– Фосафор не повеќе од 1 грам на ден (обично сепостигнува со забрана на белковини)
– Натриум во напреднатите случаи на заболувањата на бубрезите не повеќе од 2 грама на ден
– Се препорачува дополнително количество на калциум 1500 мг на ден за да се сопре ослабнувањето на коските, што често е придружна последица при болести на бубрезите.
Хемиски материи штетни за бубрезите
– Јаглен тетрахлорид
– Хлороформ
– Етиленгликол
– Оксална киселина
– Тетрахлоретилен
Босилек (Ocimum basilicum L)

Босилекот е наше народно омилено цвеќе. Кај нас е донесен од Индија. Денес се одгледува во многу европски земји не како цвеќе во цвеќарите, туку и за дестилација на етерични масла. Целата билка има пријатен мирис, а најмногу листовите. Вкусот е горчлив и ароматично лут. Кај нас се одгледува одамна не само како украс, туку и како зачин и за религиозни обреди. Се бере надземниот дел на лековитото растение и се суши на ладно место изложено на провев. Содржи етерично масло, танин, сапонин и горчливи материи. Во фитомедицината босилекот се употребува како средство за смирување на нервниот систем, против гасови, тегоби во органите за варење, против цревни паразити, за зголемување на млечноста кај мајките што дојат, против воспаление на бубрезите и за регулирање на менструалниот циклус кај жените.

Глуварче (Taraxacum officinale L)

Глуварчето можеме да го сретнеме насекаде по полињата, ливадите, покрај патиштата и на други места. Лековититот дел на глуварчето за подготовка на лек се листовите, коренот и цветот. Во официјалната медицина глуварчето се употребува во фаза на цветање, и тоа листовите и коренот, додека во народната медицина се собираат и цветовите посебно. При лекување со глуварче доаѓа до засилување на лачењето на жолчката, дејствува како диуретик, ја поттикнува работата на бубрезите, ги прочистува бубрезите, ја прочистува крвта, помага при болка во коските и ревматизам, против кожни егземи, чиреви и недостиг од апетит. Чајот од глуварче треба да го пијат дијабетичарите, а се препорачува секој ден да се изџвакаат од 5 до 10 шупливи стебла. Чајот помага и при терапија за слабокрвност, против нередовна менструација и камен во жолчката. Коренот на глуварчето има способност да раствора, да го поттикнува потењето и да го закрепнува организмот. Тој влијае врз сите лачења во организмот, помага при тврда столица, при пречки од насобрана слуз, влијае врз белодробното лачење на урината, од телото ги отстранува материите што придонесуваат за појава на замор кај организмот, а коренот го закрепнува телото. Коренот и стеблото содржат горчлива материја наречена ТРАКСАЦИН, која дејствува диуретички, но може да предизвика пролив и пречки во срцевиот ритам. Меѓутоа, видливите знаци на труење се појавуваат откако растителните делови ќе се консумираат во големи количества, особено постарите горчливи делови од глуварчето. Младите листови се сосема безопасни. Чајот од глуварче се подготвува од сувиот иситнет корен, така што лажица од коренот да се стави во 2 dl вода, да се вари на тивок оган неколку минути (2-3 минути). По 15 минути да се исцеди и да се пие во текот на денот незаблажен или, уште подобро, заблажен со природен мед. Ваквиот чај го прочистува организмот, помага при дегенерација на ’рскавицата, а го поттикнува и потењето. Помага и при вишокот килограми и против целулитот. Коренот може да се исече на тенки парчиња и да се јаде суров на леб со путер.

Жалфија (Salvia officinalis L.)

Ова е ароматично, лековито и медоносно растение. Најлековити особини жалфијата има во фаза на цветање, а тоа е најчесто во мај. Листот се бере, се суши и чува внимателно како и листот од нане. Жалфијата е долговечна разгранета грмушка висока 50-90 cm. Стеблото е дрвенесто и повеќегодишно. Листовите се сребрено зелени. Цветовите се светловиолетови. Целото растение има многу ароматичен и пријатен мирис. Жалфијата лекува засипнатост, ги закрепнува нервите, го затоплува желудникот, ги отстранува гасовите, помага кај сите видови настинки, катар и при висока температура. Жалфијата ја прочистува крвта и со тоа организмот се ослободува од причинителите за многу болести. Ова лековито растение има и противвоспалително дејство, така што се препорачува кај сите воспаленија – воспаление на ждрелото, преку внатрешните органи, до мочниот меур и вагиналните воспаленија. Жалфијата може да го регулира и потењето, односно да го доведе на нормално ниво. Исто така, жалфијата ги лекува и заболените од ревматизам. Во периодот на пубертетот и за време на менопаузата жалфијата е нежен, но ефикасен хормонален регулатор. Таа е одличен лек за прочистување на црниот дроб, а помага и против бубрежни заболувања. Ако страдате од неуреден менструален циклус, пијте чај од жалфија 21 ден, во периодот меѓу менструација. За гаргара или за вагинално плакнење, оваа билка се вари во еден литар вода околу 10 минути. Виното од жалфија што се добива кога оваа билка се врие во една чаша добро црвено вино, ги засилува рековалесцентите. Во сезона на грип вдишете пареа над садот во кој сте вареле жалфија, мајчина душица, лаванда и рузмарин, а по инхалацијата, искористете ја течноста како купка.

Драган Јованов
Фитотерапевт

Напишете коментар