о. Ново Село- Асфалтирање во Мокриево

Општина Ново Село продолжува со реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2015 година. Во оваа програма е опфатено населеното место Мокриево со асфалтирање на една улица со должина од 160 метри, ширина 3,5 метри, банкини по 1 метар како и крпење на дупки во повеќе населени места. Со асфалтирањето на оваа улица се олеснува движењето на возилата и на пешаците, се овозможува подобра и побезбедна комуникација односно подобар квалитет на живеење на граѓаните. Со оваа програма се опфатени и други населени места во општината, асфалтирани се улици во населените места: Зубово, Сушица, Самоилово, Колешино и Мокриево а остануваат уште Мокрино,Смоларе и Старо Коњарево.

Напишете коментар