о. Босилово- Пронаоѓање и Санација на Извор за Водоснабдување

Во текот на вчерашниот ден екипа на ЈПКД,,Огражден“ – Босилово со сопствената механизација во населеното место Дрвош спроведе активности за пронаоѓање и санација на постојниот извор за водоснабдување.
Се очекува во наредните денови да бидат извршени дополнителни работи со цел насочување и дотур на изворската вода до постојниот резервоар.
Со ова се очекува да се обезбедат дополнителни количини на вода неопходни за задоволување на секојдневните потреби на граѓаните од с.Дрвош.

Напишете коментар