Новинарката Стојне Митева е Дописник на Годината

Новинарката Стојне Митева е добитник на традиционалната награда  за дописник Менде Петковски, која секоја година ја доделува весникот Дневник.

Митева оваа награда ја доби како дописник на телевизијата Канал 5, за серијата прилози од струмичкиот регион во кој најчесто ги разработува проблемите на социјално загрозените ранливи категории на граѓани.

Исто така новинарката Митева,  измината 2015 година работеше и на прилози кои го опфаќаат семејното насилство како и жртвите на семејно насилство.

Нејзините прилози наидоа  на големо внимание од страна на пошироката јавност како и од надлежните институции.

Таа со новинарство се занимава веќе 11 години , вработена е во ТВ Канал Вис и е дописник за Канал 5 телевизија.

Фото-Кире Пиличев

Струмица Портал и ја честита наградата на Стојне и посакува голем успех во понатамошната кариера.

Напишете коментар