Советот на о.Василево ја одржа 36-та Седница

Денеска советот на општина Василево ја одржа 36 седница.

На дневниот ред беа Кварталните извештаи за извршување на Буџетот, за доспеаните а неизмирени обврски и за промените на задолжувањето на општина Василево за минатата 2015 година односно за периодот 01.01.2015 до 31.12. 2015 беа на дневен ред на денешната 36-та Седница и истите беа усвоени со мнозинство од 10 гласови „за“

 

Според образложението дадено од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, реализацијата кај консолидираниот Буџет во кој се вклучени и единките корисници е околу 71%, додека кај основниот Буџет на О.Василево реализацијата е околу 56%.
Советничката Катерина Филева Петревска, која на ова место дојде по испразнетото од Дајанчо Ефтимов е именувана за претседател на две комисии, Комисијата за мандатни прашања и именувања и Комисијата за статут и прописи. Комплетиран е и Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, каде на местото на разрешениот Коце Горгиев именуван е Блаже Лазаров од с. Чанаклија.
На оваа седница советниците расправаа и усвоија и неколку предлози од областа на урбанизмот, кои како дополнитилни точки беа вклучени во денешниот дневен ред.
Направени се одредени измени и дополнувања на програмата за урбанистички планови кои се однесуваат на изработка на локална урбанистичко планска документација за дел од КП бр. 965, м.в Бозгалек во КО Нова Маала, каде според образложението дадено од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, на површина од околу 10,5 ха. планирана е урбанизација на 4-5 градежни парцели со намена изградба на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија со искористување на сончевата. Истата програма претрпе измена и за КП број 2382 во КО Василево, парцела за која на барање и трошок на сопственикот ќе биде изработен Детален урбанистички план. На седницата беше усвоена и одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправно-изградени помошни објекти на к.п бр. 1161 во КО Владиевци.
Советниците беа едногласни и во врска со последниот предлог, односно барањето за финансиска помош поднесено од физичко лице заради лекување.

 

.

Напишете коментар