Нина Хаџи – Котарова и Митко Белмезов од СОУ.Јане Сандански со прво место на Наноматеријали

На  Технолошко – Металуршки Факултет во Скопје вчера  се одржа регионалниот натпревар Наноматеријали.

Ученици од училиштето Јане Сандански долго време се подготвуваа за натпреварот и вчера го покажаа својот резултат.

На натпреварот учествуваа Нина Хаџи – Котарова и Митко Белмезов под менторство на професорката Зуле Цонева и го освоија првото место.

Тие  од жирито добија максимум поени, 100 од 100 поени. Со третото место се здобија ученичките Ана Цамбулева и Вероника Поповска под менторство на професорката Снежана Илиевска Поповска. И двете групи ќе го продолжат своето натпреварување на републичкиот натпревар Наноматеријали.

12903623_1090981524277380_1879693600_o-527x400 12910751_979801578735503_9126766_n-458x400

Напишете коментар