КК. Струмица декласирана од КК. Карпош Соколи со 44 разлика

Синоќа во спортската сала Парк се одржа кошаркарскиот натпревар помеѓу домаќинот КК.Струмица и КК. Карпош Соколи.

Во речиси празната сала со едвај педесетина гледачи, струмичани покажаа доста слаба игра исполнета со многу грешки, неврзани акции.

Гостите уште на самиот почеток ја наговестија својата победа, со добри акции како и прецизни шутеви кон кошот на струмичани.

Натпреварот заврши со 115-71 за гостите од Скопје.

Фото- В.Т

 

Напишете коментар