Никола Христов од Ролинг 08-Мета на повеќе Европски Клубови

Ролинг 08 го продуцираше вториот репрезентативец, Никола Христов мета на повеке евроклубови
Македонската кошаркарска репрезентација до 14 години предводена од струмичанецот Никола Христов деновиве учествува на мегународниот турнир во Словен градец Словенија кој преставува неофицијално европско првенство за кошаркари до 14 години каде учествуаат 10 тина млади селекции од Европа. Младата селекција на Македонија досега силите ги одмери со домакините но и со Хрватска и Полска, каде струмиченцот Христов е еден од играчите со најголема минутажа на теренот и во просек по 10 тина постигнати поени по натпревар, го привлекол вниманието на многу кошаркарски работници. Имено Христов е играч на ,,Ролинг 08,, од Струмица – роден е 2001 година и со само три години работа успеа да го облече националниот дрес на Македонија и тој преставува една од надежите на мак кошарката бидејки како играч на ,,Ролинг 08,, лани во речиси секој натпревар постигнуваше по 40 поени. Со неговито ангажман во Ролинг 08 но и со настапот во младинската селекција 14 годишниот Христов стана мета на повеке младински погони од европа слично како што беше со Кирил Панов, кој сега игра во Шопанија. За Ролинг 08 ова е дополнитена сатисфкација бидејки по 7 години работа, го продуцираше и вториот репрезентативец за кого веќе на големо се зборува….
преземено од Вис Спорт

Напишете коментар