Неделен Билтен на СВР Струмица

Во периодот од 28.12.2015 до 03.01.2016 година во Струмица се случиле 13 кражби, објекти на напад биле земјоделска аптека, стан, ЕВН, двор, тераса, возило, двор, куќа, продавница, ТМВ, а предмети на напад: семиња, ѓубрива, разновидни алатки, евра, електрична енергија, декоративно растение, колбаси, компујутер, звучник, тренерки, тепих, регистарски таблици, греалки и акумулатор. Причинета е материјална штета од 101.000 денари.

Во истиов период се случиле и 13 сообраќајни незгоди поради алкохол, дејствие и неприлагодена брзина. Телесно повредени се 3 лица, а причинета е материјална штета од 408.000 денари.

Пријавени се и 6 нарушувања на јавниот ред и мир од кои 4 заради физички напад, а 2 заради карање и викање.

Од страна на ПС за БПС Струмица спроведена е една акциска контрола и констатирани се 2 прекршока. – јавува СВР Струмица.

маркетинг

Напишете коментар