НАМЕНСКА- нова колумна од Trillian McMillan

НАМЕНСКА… До мене е или првпат оваа година наместо богато мени- добивате мени.

Наместо сезонски попуст – добивате грабеж.

Наместо ексклузивна понуда – добивате тоа што им се продава најтешко.

Наместо “ како за тебе..” – добивате како и за сите други.

Наместо најлудата ноќ – добивате ноќ.

Наместо незаборавна – сакате да добиете амнезија.

Наместо “за само…” – давате многу.

Наместо “за два-три дена” – чекате два-три месеци.

Наместо “полна капа” – баретка.

Наместо уникатна – добивате copy–paste.

Наместо оригинал – adibas… ……. Знаењето е вредно онолку колку што му е намената. Ќе си земам јас наменско брашно и ќе си ја замесам 2016 малку поинаку. …… Сите дополнувања се добредојдени , особено рецепти за кифлички.. Trillian McMillan@don’t panic

Напишете коментар