Музичка работилница од 27.06 до 02.07.2016 во Струмица

Музичката работилница е во организација на Младински Совет Струмица. Во деновите на одржување на работилницата предавачи ќе бидат м-р Васко Пиличев – професор во ОМУ Боро Џони Струмица и Димитар Арапов – музичар
27.06.2016 (понедленик) тема на предавањето ќе биде: Музика – важното во неа, предавач М-р Васко Пиличев
28.06.2016 (вторник) тема на предавањето ќе биде: Трема и видови меморија, предавач М-р Васко Пиличев
29.06.2016 (среда) тема на предавањето ќе биде: Создавање бенд – предавач Димитар Арапов
30.06.2016 (четврток) тема на предавањето ќе биде:познавање на техниката и инструментите – предавач Димитар Арапов
01и02.06.2016 (петок и сабота) ќе се формираат бендови од учесниците и практично да ги применат советите од предавачите. Термините се од 19:30 часот во амфитеатерот во Струмица право на учество има секој без разлика на инструментот што го свири, присуство и на други луѓе (родители, или било кој заинтересиран) е добредојдено! Учеството е бесплатно и секој учесник ќе добие диплома за учество!

Напишете коментар