УСПЕСИТЕ НА НАШАТА ДРАГАНА КОСТОВА

dragana

Драгана Костова е ученичка во ООУ „Никола Вапцаров„ Таа се дружи со песната и со пијаното.
Ученичка е во ООМУ „Боро Џони „ во Струмица.Нејзиното мото е:На што би личел светот без музика? Би личел на училиште без ученици,на градина без цвеќиња,на небо без сонце…Светот без песна би бил студен ,темен замок настанет со духови…Колку тажен тогаш светот би бил.
Без песната, без музиката .без насмевката,без радоста,тажно ке е се. Драгана со учеството на „Неки нови клинци„ ја претстави Македонија во најдобро светло со својот ангелски глас.Немаше среќа да влезе во големото финале ,но сепак блесна со својата песна.
Покрај песната нејзиниот другар е и пијаното.Секојдневната работа и вежбање донесоа успех. Голема заслуга за тоа има нејзината професорка Ана Цунева.На 02 03 2016 г. Драгaна зеде учество на Мегународното натпреварување на млади пијанисти во Шабац,во Србија.Таму освои втора награда
.На 12.05.2016г освои прва републичка награда во Скопје. На 15 .06.2016г освои прва награда на меѓународен натпревар по пијано во Гевгелија. Честитки за Драгана и за нејзината професорка.

Напишете коментар