Македонската Одбојкарска репрезентација со 3/3 победи се врати од Бугарија

Македонската одбојкарска репрезентација буквално се прошета во Варна, од каде што се враќа со максимални три победи по првиот турнир од А групата во Европската лига. Вчера пред избраниците на Жарко Ристоски се поклони и домашната селекција на Бугарија, која беше совладана со 3-1 во сетови (31-29, 15-25, 25-21, 25-21).
Вториот турнир од А групата, кој се игра во Скопје започнува веќе в четврток. Првиот дуел Македонија во рамки од четвртото коло го игра против Албанија во четврток со почеток од 19.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Напишете коментар