М-р Пиличев дел од жири комисијата на музички натпревар во Ниш, Србија

Оваа сабота (28 мај) во Ниш Србија, професорот по гитара, М-р Васко Пиличев заедно со неколку ученици од ОМУ „Боро Џони“ – Струмица ќе бидат дел од музички фестивал. Освен тоа професорот Пиличев е дел од жири комисијата која ќе ги оценува учесниците заедно со истакнати професори од Бугарија, Италија и професори од факултетот од Ниш. Пиличев е единствениот член на комисијата од Република Македонија. Фестивалот ќе има повеќе елементи, мастер класови, концерти, но и натпреварувачки дел.
-Доаѓаме кон крајот на школската година и ни преостанува уште еден меѓународен натпревар кој ќе се одржи во Ниш Србија од 27 до 29 овој месец. Како и секаде така и за Ниш патувам со големи очекувања од моите ученици во кои навистина верувам и сметам дека оваа година се покажаа одлично каде и да учествуваа. За тоа секако најзаслужни се самите ученици кои потрошија часови и часови во вежбање за да се постигне сето оваа кое тие го остварија- вели професорот Пиличев.
За Ниш ќе патуваат 6 ученици од кои двајца се соло Кире Понов и Ивана Пакетов а другите се дуо гитари и тоа: Митко Витанов и Кирил Ичков како и Велјан Дојчинов и Стефан Локов.

Напишете коментар