Колумна- Комплицираноста на едноставноста

Ние луѓето сме најкомплицираните суштества на планетата. Секогаш се стремиме кон едноставност, а секогаш сме вплеткани во неверојатно комплицирани ситуации.  Ми се чини дека општеството е тоа што ја убива едноставноста во нас. Речиси се во едно општество е уредено со пишани или naslovnaморални норми. Бидете сигурни, ако прекршите некоја од нив некој ќе ви суди, а и да не прекршите некој пак ќе ви суди. Ете така лесно се наоѓате себеси во еден затворен магичен круг на комплицирани ситуации во кои не знаете како да реагирате, просто задушувајќи го инстинктот за едноставност.

Сите ние во некоја мера сметаме дека животот порано бил поедноставен. Најверојатно, не грешиме. Општествениот напредок и технологијата се незапирливи, тие едноставно ја газат едноставноста, ја гушат во зачеток и не и дозволуват да се зароди.

Доколку не ви се верува дека е така запрашајте се кога последен пат барем  еднаш во текот на денот не погледнавте во мобилниот? Кога последен пат се сликавте за да го зачувате моментот, онака спонтано, не за Инстаграм? Кога последен пат излеговте да се прошетате, а не се заморивте со тоа како изгледате? Кога последен пат вечеравте со семејството,а никој не зјапаше во мобилниот?  Се сеќавате ли кога последен пат се сликавте со вашето внуче, ама не за на Фејсбук? Се сеќавате ли кога последен пат напишавте нешто на парче хартија?  Кога последен пат отворивте весник, книга или списание наместо Гугл, за да прочитате нешто? Кога последен пат влеговте во liniiбиблиотека? Се сеќавате ли кога последен пат отидовте на кафе, затоа што имавте потреба да се видите со некој што ви недостига, а не затоа што сите тоа го прават? Кога последен пат излеговте во диско и едноставно танцувавте и игравте, без да внимавате кој ве гледа? Кога последен пат седнавте и не разговаравте за политика, туку само неповрзано разговаравте и се смеевте? Кога последен пат седевте во друштво а мобилните не ви беа во рацете? Кога последен пат отпатувавте некаде, а не се чекиравте за сите на Фејсбук да знаат каде сте? Кога последен пат се јавивте некому без потреба, туку само да му го чуете гласот? Кога последен пат некому подаривте цвеќе? Кога последен пат некому онака спонтано му напишавте дека го сакате? Кога последен пат без причина отидовте да ја видите баба ви, само затоа што ви недостига? Кога последен пат некому рековте дека ви недостига? Кога последен пат ги подаривте старите работи некому кому навистина му требаат, место да ги фрлите? Кога последен пат направивте нешто добро без да очекувате нешто за возврат? Кога последен пат ги прегрнавте луѓето што ги сакате без некоја посебна причина? Кога последен пат сакавте некој, а не се запрашавте колку пари има?

kockiМилион вакви едноставни дилеми ја чинат нашата секојдневна комплицираност. Ние луѓето од својата едноставност креираме комплицираност обидувајќи се да не изгледаме глупо, смешно, ирационално, несвојствено или неприкладно за одредена ситуација. Се обидуваме да припаѓаме, да импресионираме, да шармираме, да доминираме, а се губиме себеси во сето тоа. Модерното општество ни ја наметнува комплицираноста како норма, ни ја брише едноставноста како да е абнормалност. Креативноста ни ја претвора во маана, а суровата амбициозност ни ја претставува како доблест. Вистината ни станува грозна а лагата пак така мила. Алчоста е визија, скромноста е срам, дволичноста се охрабрува, а искреноста се нагрдува. Ете така лесно едноставноста ни станува далечна, непожелна и општествено неприфатлива, а комплицираноста наше среќно секојдневие.

Знаете, постои многу едноставен лек за комплицираноста. Да од прва погодивте, се вика едноставност. Животот е навистина едноставен, доколку некој сакате кажете му го тоа. Доколку некој ви фали напишете му го тоа. Доколку некој сакате да видите сторете го тоа. Доколку некој сакате да слушнете јавете му се. Доколку ви треба време во тишина угодете си. Оставете ги мобилните и разговарајте, кога нешто правите посветете му се на тоа со цела своја енергија. Кога нешто правите фокусирајте се само на тоа. Борете се за тоа што верувате, посветете се на тоа што сакате. Угодете си прво себе па дури потоа на сите други. Не дозволувајте општеството, неговите норми и очекувања да го диктираат вашиот живот. Не дозволувајте љубомората и зависта да владеат со вашите постапки. Не дозволувајте тоа што општеството ви суди ве спречи во тоа да бидете среќни.nasoka

Не заборавајте едноставноста е доблест, нешто полезно и посакувано, пат кон внатрешен мир и среќа, нешто што општеството секогаш на некој начин ќе ви го одзема.

Патот до целта е лесен кога знаете од каде доаѓате и каде сакате да одите. Едноставноста е таа што ви помага кога ќе тргнете некаде, да не заборавите од каде доаѓате. Едноставно направете се што сте замислиле во животот затоа што е полесно да жали за грешките кои што сте ги направиле отколку за работи што никогаш не сте имале храброст да ги направите.

Не и дозволувајте на комплицираноста да ви ја уништи едноставноста.

Автор-Ристо Ѓоргиев

https://ristogjorgjiev.wordpress.com/2015/12/12/%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0/

Напишете коментар