Денеска Исплатени Парите за Поплавите

Владата денес исплати 17,2 милиона денари на 364 лица како отштета од поплавите во Струмица, Могила и Гази Баба. Поточно во Могила се исплатени 8,78 милиони денари на 255 лица, во Струмица 6,2 милиони денари на 102 лица, а на 7 жители кои претрпеа штети од поплавите во Гази Баба им се исплатени 2,2 милиона денари.

Заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 331.691.754 денари на 3.225 отштетени лица од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена на граѓаните од Струмица, Могила, Новаци, Битола, Прилеп, Демир Хисар, Велес, Пробиштип, Штип, Охрид, Чешиново, Облешево, Градско, Радовиш, Карбинци, Македонска Каменица, Крива Паланка и Тетово.

Напишете коментар