Ќе се санираат ударните дупки во градот и населените места

Започнаа активностите за санирање на ударните дупки на улиците во градот и населените места. На неколку локации во градот деновиве се работи на подготовките кои се неопходни за да се изврши пополнувањето со асфалт. Според информациите од одделението за комунални работи на општина Струмица со овој градежен зафат ќе биде опфатена површина од над илјада метри квадратни во градот и населените места. Санирањето на ударните дупки се врши согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица за 2016 година. Општина Струмица апелира до граѓаните за разбирање додека се вршат овие зафати на улиците во градот.
Инаку, градежни зафати се реализираат и во населените места. Викендов, во Дабиле се асфалтираа четири улици, а во тек се подготовките за асфалтирање во населените места Муртино и Просениково. Овие зафати се реализираат со средства обезбедени од буџетот на општина Струмица.

Напишете коментар