Никола Маџиров првиот струмичанец со титула Национален уметник

Во присуство на висок државен врв, академци, роднини, пријатели и соработници, струмичанецот Никола Маџиров официјално го доби признанието национален уметник за 2016 година. Најпознатиот македонски поет и преведувач е шести носител на оваа титула која се доделува од 2011 година, а иницијативата за неговиот избор која единствено ги исполнувала потребните критериуми, а била поднесена од страна на Македонскиот Културен центар.

Неговата поезија е објавена во повеќе од 50 држави на сите континенти и преведена на 41 јазик. Маџиров е добитник на многу меѓународни награди, а неговата поезија читана на големи настани и пред огромна публика.

Признанието се доделува согласно Законот за Национален уметник на Република Македонија. Досегашни добитници на титулата Национален уметник на Република Македонија се музичкиот уметник и пијанист, Симон Трпчевски, сценаристот и режисер, проф. Милчо Манчевски, естрадниот уметник Есма Реџепова –Теодосиевска, оперскиот пејач Борис Трајанов и оперската певица Ана Дурловски.

Напишете коментар