„Изработка на професионална биографија, мотивациско писмо и подготовка за интервју за работа или за прием на факултет“.

Центарот на заедницата на општина Струмица, во рамки на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ имплементиран од страна на Фондација Отворено општество – Македонија во партнерство со Општина Струмица, објавува повик за обука за неформално образование на тема „Изработка на професионална биографија, мотивациско писмо и подготовка за интервју за работа или за прием на факултет“.

Обуката ќе се одржи на 27 јули 2016 г. во хотел „Есперанто“ – Струмица, од 9 до 17 часот.

Целите на обуката се следниве:

Учесниците да научат како да бараат работа или како да се пријават на саканиот универзитет;
Да научат да состават мотивациско писмо, да ја состават својата професионална биографија, да ги научат техниките и вештините кога ќе бидат повикани на интервју;
Да научат како да бидат поконкурентни на пазарот на труд.
Со oваа обука учесниците ќе имаат можност да ги надминат дилемите околу пријавувањето за работа, а преку симулација на интервју и негова анализа, на учесниците ќе им се овозможи да ги увидат своите слабости или своите јаки страни при интервју кај работодавец. За учесниците ќе биде обезбедено и кратко гостување на претставник од бизнис-секторот, кој ќе ги воведе во кратки трикови при аплицирањето за работа. Со обуката ќе фасилитира Мими Николиќ, координатор во Центарот на заедницата на општина Струмица.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до петок, 23 јули 2016 година, со испраќање на комплетно пополнета електронска пријава на следниот e-mail: [email protected].

Максималниот број на учесници е 20. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со посебни потреби. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуката во горенаведениот период. Обуката ќе се одржи на македонски јазик.

Во прилог е агендата за обуката и пријавата за истата. За дополнителни информации и/или прашања, обратете се на е-mail: [email protected]. или на тел. 034/334-117.

Центар на заедницата на општина Струмица

Напишете коментар