Општина Василево го одбележа 19-ти јули

Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата во с. Радичево, локалната самоуправа од Василево заедно со претставници од општинските организации на борците од Струмица и Радовиш ја одбележа 75 годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина.

Пред точно 75 години, во близина на местото каде е поставена спомен плочата, на средината меѓу Струмица и Радовиш, непосредно до с. Радичево под изговор на заеднички излет на младите од двата града, од страна на скоевските и просветните групи, била организирана историска средба на која биле поставени основите на идното заедничко револуционерно дејствување.

Реферат за настанот прочита градоначалникот на општина Василево, г-ди Ванчо Стојанов, а пред спомен плочата се поклонија делегации од општинските организации на борците од Струмица и Радовиш и делегација од локалната самоуправа под чие покровителство се одржа денешното одбележување

Напишете коментар