Изложба по повод одбележување на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Струмица (ЦПЛИП
ПОРАКА – Струмица) на 02.12.2016 г. (петок) со почеток од 18:00 часот во Дом на АРМ – Струмица
(холот на приземје), ќе организира хуманитарна изложба по повод одбележување на 3-ти Декември –
Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
На хуманитарната изложба ќе бидат претставени креации од серијата креативни работилници
кои ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица ги реализираше од мај 2016 година заедно со млади (ученици во
општински основни и средни училишта и членови на младински локални организации) и членови на
културно-уметнички друштва, фолклорни музички групи и организации. Овие работилници беа дел од
Годишната програма за работа за 2016 г., финансирана од Општина Струмица и Републичкиот Центар за
поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Скопје.
Присутните гости на изложбата, за симболична сума, ќе можат да ги купуваат ракотворбите и
украсите, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на
Социјалниот Клуб на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица со потребните дидактички материјали за работа

Напишете коментар