Изложба на проектот Цвеќе на Домот за деца и млади,, Благој Мучето,,-Струмица во Ново Село

Во Домот на култура,,Јане Сандански ,,-Ново Село отворена изложба на ликовни творби од проектот,,Цвеќе,, во соработка со Домот за деца и млади,, Благој Мучето,,-Струмица.
Оваа изложба станува традиционална,соработката продолжува и понатаму помеѓу двете институции за култура од локален општински карактер од двете општини Струмица и Ново Село.
Проектот ,,Превземена три изложби,,одобрен од Министерството за култура на Р.Македонија за финансирање на проекти од национален интерест оваа e прва изложба од овој проект за 2017 година, a втора во оваа година- рече директорот на Домот за култура,,Јане Сандански,, од Ново Село.


Изложбата ја отвори Светлана Мазгалоска Вучетиќ –преставник на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, која истакна : Изложбата е како резултат на проектот ,,Цвеќе,, -2016 кој се реализира традиционално секоја година во мај ,има републички карактер и е на тема Цвеќе.Манифестацијата се реализира во соработка со основните училиштата од цела Република и се одвива во три дела : распишување ликовен конкурс ,цртање на асвалт или на хамер во зависност од временските услови,и аранжирањена свежо цвеќе.Од пристигнатите ликовни творби се организира изложба.А соработката помеѓу двете институции прераснува постепено во традиционална,така што Домот за деца и млади со ликовни изложби од проектот ,,Цвеќе,, гостува во Домот на култура,а Домот на култура со своите годишни изложби на Ликовното студио во Домот за деца и млади.
Беа изложени 54 ликовни творби,а изложбата ја проследија ученици и наставници од основните училишта,,Мануш Турновски,,-Ново Село,,,Видое Подгорец,,-Колешино и Посебното основно училиште,,Свети Климент Охридски,,-Ново Село.

Напишете коментар