„Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“

Општина Струмица со три основни училишта вклучена во
проектот „Инклузија на децата што се надвор од
училиштата во образовниот систем“
Општинските основни училишта „Маршал Тито“ од Струмица, „Никола Вапцаров“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино, се вклучени во нов проект кој се реализира во организација на Министерството за образование и наука, во соработка со Детската Фондација Песталоци и Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје. Претставници од училиштата и од општина Струмица, присуствуваа на презентацијата на проектот, со цел да се започнат почетните активности за идентификација на децата што не се запишани во основното образование или го напуштиле во претходните пет години. Овој проект има за цел да обезбеди поддршка за вклучување на децата кои не се запишале во системот на основното образование, или пак биле запишани, но поради определени причини го напуштиле школувањето пред завршувањето на основното образование. Освен податоците кои ќе се добијат од училиштата и од овластените просветни инспектори, во проектот се предвидува да бидат вклучени повеќе засегнати страни од редот на надлежни служби и установи, кои располагаат со податоци кои може да придонесат да се изврши реална идентификација на тие деца.

Напишете коментар