Група од 75 фармери од Струмица присуствуваа на 10-от по ред Меѓународен саем за сточарство и живинарство – Зоотехниа 2017

Група од 75 фармери во организација на Здружението Хорти Еко, Струмица, на 04.02.2017 (сабота) присуствуваа на 10-от по ред Меѓународен саем за сточарство и живинарство – Зоотехниа 2017 во Солун, Грција. На саемот земјоделците имаа можност да се запознаат со новите технологии кои се применуваат во сточарскиот сектор, а беа презентирани и најновите светски достигнувања во делот на земјоделска механизација, опрема и репроматеријали.Целта на саемската посета беше да се разменат искуства и идеи, да се види практичната примена на новите техники и технологии во аграрот како и нивно поттикнување и примена кај нас, остварување на бизнис средби, реплицирање на иновативни начини на производство.
На ваков начин се поттикнува заедничкото планирање и донесување на одлуки за примена на напреднати технологии се со една цел намалување на трошоците на производство и зголемување на рентабилноста на македонските фармери.
Здружението Хорти Еко, Струмица продолжува и понатаму да организира посети на саеми и манифестации во регионот.

Напишете коментар