Македонски писатели застапени во меѓународно списание од БиХ

Извадоци од поетското творештво на македонските поети: Стефан Марковски, Весна Мундишевска Велјановска, Јулијана Маринковиќ, Васил Тоциновски, Зоран Пејковски, како и проза од Петре Димовски и Ранко Младеноски се застапени во новиот, 21-ви двоброј од реномираното меѓународно списание „Ријеч“ во издание на „Брчко дистрикт“ од Брчко, БиХ.
Во овој број на списанието со над 70 автори на 560 страници се објавени извадоци од творештвото на над седумдесет автори од Белгија, Данска, Франција, Германија, Русија, САД и тн.

Списанието за книжевност и култура „Ријеч“ веќе 11 години излегува во двоброј два пати годишно и вклучува широк спектар на книжевни теми и жанрови, вклучувајќи, покрај уметничко творештво, и текстови од областа на драмата, театарот, критиката и есеистиката, како и прикази на дела од повеќе европски и светски автори.

Напишете коментар