Гнездото од лебарки го снема, денеска на струмичка гинекологија се вршеше дезинфекција

По нашата објава вчера за гнездото од лебарки, денеска дознаваме дека на оделението за гинекологија, екипа од Скопје извршила дезинфекција по собите.
Оваа е за големо поздравување и да се надеваме дека тоа ќе се прави почесто.
Воедно сакаме да истакнеме дека ова беше само добронамерна критика кон оделението за гинекологија, без никакви политички позадини или политички оцрнувања, се работи за место каде на свет доаѓаат новороденчиња и хигиената треба да биде на највисоко ниво.

Напишете коментар