Изграден цеваст пропуст на Бојдолска река во Ново Село

При обилни врнежи на дожд се зголемува нивото на вода на Бојдолска река, каде граѓаните кои живеат долж течението на оваа река имат отежнат пристап до своите домови. Поради оваа причина и по барање на граѓаните се изгради цеваст пропуст со што се обезбеди безбеден пристап до нивните домовите. Во тек е изградба на уште еден таков пропуст на 500 метри подолу во реката со што и овој дел од течението на реката ке биде обезбеден со пропуст за граѓаните кои живеат таму. По завршувањето на овие пропусти ќе се премине на изградба на пропуст на Сушичка река во Сушица.

Напишете коментар