Фотографирај ја Струмица и добиј награда

Здружението Културен забавен живот го објавува првиот конкурс за фотографирање во склоп на претстојното шесто издание на Струмица ОПЕН фестивал 2017.

Почнувајќи од 29 мај па сè до 10 јули струмичани ќе имаат можност да ги фотографираат највпечатливите обележја на градот и да аплицираат на конкурсот насловен „НАПРАВЕНО СО ЉУБОВ“.

Сите заинтересирани може да испраќаат фотографии од Струмица во 4 категории и тоа:
– Природни убавини (пр: голем и мал градски парк, Смоларски водопади, Колешински водопади, Габровски водопади)
– Модерна Струмица (пр: Глобал, плоштад „Гоце Делчев“)
– Историски знаменитости (пр: Споменици, Цареви кули, Манастири, Бања Банско)
– Стари градби (пр: Стара Чаршија, Стара турска пошта)

Наградниот конкурс се состои од три фази. Во првата фаза која ќе трае до 10-ти јули сите заинтересирани можат да ги вклучат своите фотографии во конкурсот, со нивно испраќање на [email protected] (минимум за 1 категорија, максимум за 4 категории).

Во втората фаза, тричлено стручно жири ќе одбере топ 20 фотографии кои ќе бидат изложени, а најдобрите од секоја категорија ќе бидат наградени со парична награда од по 100 евра.

Во финалната фаза, на 3 август е предвидена изложба на сите фотографии и прогласување на најдобрите три на отворањето на Струмица ОПЕН фестивал.

За заинтересираните млади фотографи ќе биде реализирана работилница за фотографија во соработка со Здружение Новус во градскиот парк, под отворено небо на 21 јуни (среда). Заинтересираните може да го пријават своето учество со мејл на [email protected].

Напишете коментар