Фриленс работа: предизвици, можности и искуства

Здружението Рефлексија од Струмица ве поканува на кафе дискусија “Фриленс работа: предизвиди, можности и искуства”, која ќе се одржи на 3 јуни, сабота во просториите на UpTown Cafe Струмица, со почеток во 14 часот.

Настанот има за цел да создаде простор за дискусија и размена на искуства за следниве прашања: Што е фриленс работа? Можам ли да работам фриленс во Струмица? Какви вештини ми се потребни? Како да им пристапам на работодавачите? Како изгледа супер профил на фриленс платформите?

Неколку наши пријатели и успешни фриленсери ќе ни кажат нешто за нивните почетоци. Потоа ќе дискутираме во релаксирачка атмосфера со вкусно кафе за предизвиците и можностите за работа како фриленсери.

Активноста е дел од проект на Рефлексија за унапредување на можностите за работа на младите во Струмица, а финансиски поддржан од Програмата Г1 на Одделението ЛЕР – трансфер до невладини организации при општина Струмица.

Напишете коментар