Дневен ред за 36-та Седница на Советот на О.Василево

Во петок, 29.01.2016 година, со почеток во 14,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 36-та седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2015 година за периодот од 01.01.2015 до 31.12. 2015 (К-1).
2. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 31.12. 2015 (К-2).
3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 31.12. 2015 (К-3).
4. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
5. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за статус и прописи.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

Напишете коментар